
Министерството за финансии на САД воведе санкции кон премиерот на Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ поради поткопување на демократските процеси.
На американската црна листа се најде и бизнисменот Слободан Станковиќ, но и неговата компанија „Интеграл Инжењеринг“.
Од САД објавија дека тие се ставени на црната листа поради директно и индиректно учество во акции или политики кои поткопуваат демократски процеси или институции во Западен Балкан.