Едштадлер: Не смееме да го заборавиме Западен Балкан

Министерката за европски прашања на Австрија, Каролине Едштадлер, посочи дека европската перспектива на земјите од Западен Балкан не смее да биде изоставена од фокусот.

„Знаевме дека е правилно да ѝ се даде кандидатски статус на Украина. Сепак, не треба да заборавиме на земјите од Западен Балкан“, истакна таа на Безбедносниот форум во Варшава, на панелот со шефот на хрватската дипломатија, Гордан Грлиќ Радман.
Грлиќ-Радман рече дека е важно ЕУ да биде поприсутна во земјите од регионот. Ако тоа не се направи, ќе расте влијанието на Русија или Кина, предупреди шефот на хрватската дипломатија. Како што нагласи, земјите од Балканот географски припаѓаат на Европа, но, додаде, напорната работа претставува исполнување на критериумите за пристапување.

„Ако сакате да се приклучите на некој клуб, споделувајте ги истите вредности. Наш интерес е да немаме нестабилни соседи“, рече Грлиќ-Радман, пренесе Танјуг.

Според Едштадлер, Албанија и Северна Македонија направиле многу за да се приближат до ЕУ.

„Не смееме да го држиме морковот пред нив на неостварливо растојание“, рече таа, додавајќи дека земјите од Западен Балкан мора да се интегрираат во ЕУ и од безбедносни причини.