Со проект финансиран од ЕУ ќе се зајакнат капацитетите на АВРМ

Во периодот од јуни 2014 до мај 2016 ќе се реализира проектот финансиран од ЕУ: Поддршка на Агенцијата за вработување за спроведување на активни мерки и услуги на пазарот на трудот.

За таа цел денеска во просториите на Музејот на македонската борба министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, амбасадорот на Германија Кристине Алтхаузер, раководителот на одделот за соработка – Делегацијата на Европската унија Мартин Клауке и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски го најавија почетокот на проектот.

Министерот Спасов потенцираше дека досегатшното искуство покажало дека мерките за вработување кои ги спроведува Владата целосно се реализираат со што се влијае на можностите за вработување, се подобруваат знаењата и вештините на вработените, се поттикнува вработувањето, се отвараат нови работни места и се овозможува полесен пристап и вклучување на невработените лица на пазарот на трудот.

-Покрај постојаните мерки за вработување како што се поддршка на долгрочно невработените лица, раниливте групи и младите луѓе, програмата на самовработување, практиканство, субвенционирање на вработување, се јавува потреба од поддршка и имплементација на нови активни мерки за вработување. Во таа насока поддршка преку ИПА проектите на политиките за вработување меѓу кои и овој твининг проект е од големо значење не само за имплеметацијата на програмите и активните мерки завработување, туку и да се подобрат механизмите за следење на ефектите од постојаните мерки за вработување како и дефинирање на нови мерки согласно релните потреби на локално и национално ниво. Овој проект е дизајниран според специфичностите на пазарот на трудот во Македонија и потребите од обука и модернизација на АВРМ, подвлече Спасов.

Мартин Клауке од Делегацијата на Европската унија во Македонија истакна дека целта на проектот е да придонесе за зголемување на вработеноста и унапредување на животниот стандард на луѓето. Тој додаде дека со проектот ќе се подобри понудата и побарувачката на пазарот на труд за и како што рече, ќе се овозможат нови мерки и услуги на пазарот на трудот и доближување до стандардите на ЕУ.

Германскиот амбасадор во Македонија, Кристине Алтхаузер истакна дека Германија со огромно задоволство и интерес учествува во вакви прокети и особено го вредува почетокот на овој твиниг проект. Вработувањето како тема, истакна таа е од голема важност не само во Македонија туку и во Германија.

-Агенцијата за вработување последните неколку години континуирано се надградува. Ова е веќе трет проект кој го имаме заедно со ЕУ со кој што се надградуваме, ги зголемуваме нашите капацитети и се надевам дека во наредниот период ќе ги постигнеме европските стандарди, истакна директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.

Проектот ќе се спроведува во период од 2 години и е финансиран од Европската унија во рамки на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА компонента IV) со буџет од 1,2 милиони евра.

Главна цел на проектот е да се подобри квалитетот, ефикасноста и ефектите од услугите кои ги нуди Агенцијата за вработување со цел да се намали невработеноста и да се спречи лицата кои се вработени да станат невработени.

Меѓудругото, проектот цели кон подобрување на услугите и мерките за вработување за лицата во понеповолна положба на пазарот на трудот и зголемен број на невработени лица кои имат полза од услугите на Агенцијата за вработување.

Со проектот се очекува да се зајакне капацитетот на АВРМ за развој и отпочнување на нови активни политики и мерки на пазарот на трудот, да се претстават нови или да се подобрат веќе постоечките, да се зајакнат капцитетите на АВРМ за спроведување на активни политики и мерки на пазарот на трудот финансирани од ИПА, да се подобрат услугите на АВРМ како продолжение на модернизацијата на Агенцијата и да се изгради капацитет за оценување на релевантрноста, ефикасноста и резултатите од спроведените активни мерки на пазарот на трудот во поглед на потребите на невработените и работодавачите.