![1243526321](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/1243526321.jpeg?resize=696%2C392&ssl=1)
Нигериските власти објавија во неделата дека најмалку 76 лица загинале во превртување на брод во југоисточната сојузна држава Анамбра.
„Претседателот Мухамаду Бухари во неделата изрази сочувство за бродската несреќа во државата Анамбра, во која загинаа десетици луѓе“, се наведува во објавата на Twitter на кабинетот на претседателот на Нигерија.
Бродот, на кој според првичните сознанија имало 85 патници и членови на екипажот, се превртел како последица на надојдените води во поплавите во областа Огбару во споменатата сојузна држава. Според државната агенција за вонредни состојби, бројот на жртвите изнесува 76 луѓе.
Претходно во саботата локалните медиуми објавија дека објавија дека 76 лица се водат како исчезнатите откако во петокот се превртел брод во државата Анамбра.
Локален жител, Афам Оген, изјавил за Reuters дека поради уништувањето во поплавите на главниот пат кој ги поврзува осумте заедници со остатокот од областа, некои жители мораа да патуваат со брод. Пловилото што се превртело, според него, бил локално произведен и имал капацитет да превезе повеќе од 100 луѓе. Додал дека моторот на бродот откажал и бил превртен од брановите набргу откако испловил.
Анамбра е меѓу 29 од 36-те држави во Нигерија кои доживеаја големи поплави годинава. Пороите и поплавите предизвикани од обилните врнежи однесоа илјадници домови, уништија земјоделски култури и патна инфраструктура, а со последиците се погодени најмалку половина милион луѓе.