Путин предупреди од „опасната политизација“ на нуклеарната реторика

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди во вторникот повика на воздржување на од политизирањето на прашањата поврзани со нуклеарната енергија на средбата со челникот на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (IAEA), Матео Гроси, кому му ја изрази подготвеноста на Москва за разговори за нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина на територијата која неодамна изгласа присоединување кон Русија.

„Се разбира, гледаме дека денес елементи од прекумерно опасна политизација на сѐ што е поврзано со нуклеарните активности. Многу се надеваме дека со вашите напори ќе успееме да ја смалиме таквата реторика, да ја нормализираме ситуацијата во оваа сфера на нашите активности и покрај сите турбуленции и сложени процеси кои се одвиваат на светската сцена“, изјавил Путин на средбата со Гроси во Москва.

Рускиот челник додал дека Москва е задоволна од посетата на Гроси и дека со „задоволство ќе разговара за сите прашање од заеднички интереси“, а коишто „можеби предизвикуваат одредена загриженост“ и за Русија, во врска со нуклеарната централа Запорожје.

Путин додал дека темата за запорошката нуклеарна централа е од особена важност, бидејќи непосредно се однесува на прашањата за нуклеарната безбедност и на регионот и на континентот.

На почетокот од септември нуклеарната во Запорожје беше посетена од мисија на IAEA предводена од генералниот директот Рафаел Гроси. Организацијата потоа објави конечен извештај во кој бара прекин на гранатирање на централата што носи опасност за критичната опрема и ослободување на радиоактивни материјали во неограничени количества.

Во моментов во нуклеарната централа се присутни двајца странски стручњаци на IAEA, иако Москва беше налутена поради тоа што во споменатиот извештај не беше споменато од која од завојуваните страни ја гранатира централата Запорожје.

Запорожје се наоѓа на левиот брег на реките Днепар во близина на градот Енергодар. Станува збор за најголемата нуклеарна централа во Европа според број единици и инсталирана моќност – има шест енергетски блокови со моќност од еден гигават. Од почетокот на март се наоѓа под контрола на руската војска, а и натаму во неа работи украински персонал. Русија ја обвинува Украина за постојани ракетирања на територијата на нуклеарката.

На 5-ти октомври нуклеарната централа Запорожје, на југот на Украина во регионот кој по неодамнешниот референдум на тамошното мнозинско руско население мина во составот на Руската Федерација, мина во руска сопственост откако таков указ потпишал претседателот Владимир Путин.