Најбогатиот човек на планетата Илон Маск, „намириса“ нова можност за вложување во необични производи па го лансираше парфемот препознатлив под брендот „Burnt Hair“, и вели дека само за неколку часа биле продадени 10.000 шишенца, а заработката изнесувала милиони долари.
„Започнувањето на работата со парфемите беше неизбежно, имајќи ја предвид препознатливоста на моето име. Зошто воопшто се борев против тоа толку долго?!“, објави Маск на Twitter.
На неговата интернет страница објавено е дека шишенце со парфемот чини стотина долари, а заинтересираните би требало да го добиваат од првиот квартал во 20223 година.
Маск и порано вложуваше во разни бизниси, кои немаат никаква поврзаност со неговата основа преокупираност со технологијата. Така, во 2020 година лансираше премиум текила од брендот „Tesla“, по цена од 250 долари. Шишињата се изработуваат рачно, во форма на секавица се, а еден купувач може да добие најмногу две шишиња.
Во јули преку веб-шопот на „Tesla“ во продажба пушти куси црвени кадифени панталончиња, кои се продаваат во ограничена серија. Од предната страна го имаат логотипот на „Tesla“, а на задната натписот S3КY и чинат околу 70 долари.
Неговата компанија „Boring Company“, чијашто последна проценета вредност изнесуваше 5,7 милијарди долари, на почетокот од 2018 година продаваше фрлачи на пламен по цена од 500 долари по парче, од што заработката изнесувала 10 милиони долари, а истовремено продала и околу 50.000 бејзбол капи со логото на компанијата
Амбициите коишто го преокупираат Маск се протегаат од населување на Марс, преку вештачка интелигенција до создавање ново енергетски самодржливо стопанство. Во рамките на тој процес ги направи гиганти компаниите „Tesla“ за производство на електрични автомобили и големи батерии, ракетната компанија „SpaceX“ и уште неколку помали придружни компании.