Бројот на загинатите во експлозијата во турскиот рудник се искачи на 40 луѓе

Бројот на загинатите во експозијата во рудникот за јаглен во северна Турција се искачи до 40 луѓе, соопшти во саботата министерот за внатрешни работи Сулеман Сојлу известувајќи ги медиумите и јавноста за најновиот трагичен биланс од несреќата која се случи во петокот попладнето.

Претходно во саботата утрото беше известено за 28 загинати, но веќе околу пладнето Сојлу рече дека „за жал, бројот на загинатите се зголеми до 40“.

Вкупно 115 рудари се наоѓале во окното во време на експлозијата, изјави министерот додавајќи дека 49 се наоѓале во подлабоките делови од рудникот, на 300 и 350 метри под влезот, каде што и ризикот е поголем

Експлозијата одекнала околу 18,15 часот по локално време, но точната причина сѐ уште не е позната, изјави министерот за енергетика Фатих Донмез. Претходно беше објавено дека експлозијата ја предизвикал трансформатор во рудникот за јаглен кој е во сопственост на државниот турски холдинг „Hard Coal Enterprises“, соопшти турската Управа за катастрофи (AFAD)

Турција има историја на несреќи во рудниците, што се припишува на слабо регулираната заштита при работа. Вкупно 301 лице загина во големата експлозија во рудникот за јаглен во 2019 година во округот Сома во егејската покраина Маниса.