Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека на ден 19.10.2022 година (среда), поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм во непосредна близина на пумпната станица во Драчево, од 08:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од селата: Батинци и Љубош во општина Студеничани.
Поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од Ф-200 мм на ул. Тодор Александров бб во населба Водно, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Периша Савелиќ и дел од ул. Тодор Александров во општина Центар.