Претставниците на проруските сепаратистички власти од регионот Луганск извадиле тела на 58 цивили од масовна гробница од местото Северодонецк кој до неодамна беше под контрола на украинската војска, соопшти во средата шефицата на теренскиот тим на меѓуресорската работна група, Јулија Кожевникова.
„Беа подигнати 58 останки на цивили, жртви на украинската агресија“, изјавила Кожевникова за агенцијата РИА.
Без дополнителни поединости, додала дека продолжува работите на импровизираната граница и оти е отворена телефонска линија на која се јавуваат блиските на лицата кои се водат за исчезнати поради идентификација на починатите.
„На ден има 50 и повеќе јавувања од роднини, се води дневни, ги фиксираме локациите на гробниците. Кога роднините конкретно се наоѓаат во Северодонецк, доаѓаат во нашиот камп и ги подигнуваме останките на нивните блиски“, рекла Кожевникова.
Кон крајот на септември руските медиуми објавија дека властите во самопрогласената Народна Република Луганск започнале да работат на лоцирана масовна гробница во Северодонецк. Истовремено, стручњаците од споменатата меѓуресорска работна група објавија дека откриле масовна гробница со тела на 283 луѓе во местото Рубижне, исто така, во Луганск од кое беа потиснати единиците на украинската војска.