Неписменоста царува – „Утка“ со знамиња и во учебник по географија

По гафот во МНР каде министерот Бујар Османи пред неколку дена на скандалозен начин пречека словенечка министерка со знаме на Словачка, уште еден гаф на институциите со знамиња.

Во учебник по географија од кој учат македонските ученици во илустрација за Португалија наместо знамето на оваа држава стои знамето на кралството Шпанија.

Пред неколку дена екс просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски во емисијата Заспиј ако можеш со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ откри дека речиси сите образовни институции во Македонија се под контрола на ДУИ.