Диего Симеоне ќе добие нов договор од Атлетико

Атлетико Мадрид не игра добро во оваа сезона каде веќе испадна од Лигата на шампионите и воедно постои можност да остане без европска пролет, додека во Шпанија веќе има сериозен минус зад водечките Реал Мадрид и Барселона.

Меѓутоа без разлика на овие резулати и сите проблеми управата на клубот не планира да се раздели со Аргентинецот на кого актуелниот договор му завршува на 30 јуни 2024 година. Имено шпанските медиуми пренесуваат дека на Чоло ќе му биде понудена продолжување на соработката до 2026 година.