Продолжува потрагата по гостиварецот кој исчезна на Шар Планина

Полициски службеници, кучиња трагачи и хеликоптерска единица продолжуваат со потрага по повозрасен гостиварец кој во неделата исчезнал на Шар Планина во атарот на гостиварското село Пожаране.

Според СВР Тетово, денеска од 7 часот утрото се пребарува поширокото подрачје на гостиварското село Пожаране. По 80-годишниот К.Ј. се трагало вчера до ноќните часови.

„Во активностите за пронаоѓање на К.Ј., покрај полициски службеници на СВР Тетово, вклучени се и екипи од МВР со кучиња трагачи, како и хеликоптер“, велат од СВР Тетово.

Како што беше објавено, гостиварецот во неделата во претпладневните часови заедно со неговиот син на падините на Шар Планина собирале шумски плодови. Откако изгубил контакт со таткото, синот Е.Ј. од Гостивар пријавил дека таткото го немало на местото на кое претходно го оставил, по што била поведена потрага.

Од СВР Тетово информираат дека до 11 часот лицето не епронајдено и во тек се мерки за пронаоѓање на лицето.