Де Брујне навести дека Светското првенство во Катар може да му е последно

Фудбалерот на Манчестер сити, Кевин де Брујне навести дека Светското првенство во Катар ќе биде негово последно во кариерата.

– Веќе имам 31 година и очигледно не знам што ќе се случи за четири години. Ова е мој трет Мундијал. Сфаќам дека моето време во репрезентацијата е при крај. Но, ние не разговараме за тоа со соиграчите. Имаме многу напорен распоред, изјави играчот од средниот ред на Манчестер сити и Белгија.

На Светското првенство во Катар (20 ноември – 18 декември) Белгија ќе игра во Ф-групата со репрезентациите на Хрватска, Канада и Мексико.