Моменталното производство на жичани производи во „Брако“ изнесува 2.000 тони месечно, а во следниот период се планира овој капацитет да го зголеми производството за 50 отсто и да достигне до 3.000 тони готови производи месечно, што го прави БРАКО континуирано еден од најголемите производители на жичани продукти.
Станува збор за сериско производство со врвна технологија чиј асортиман е 90 отсто наменет за извоз.
„Веќе ги реализираме и најново договорените пласмани за Чешка, Италија, а добиваме барања и за испораки во Гватемала, Чиле, Франција и Блискиот исток,“ информира Љупчо Прентоски, директор на жичаното производство во БРАКО, кое опфаќа градежни и коилирани шајки, топло поцинкувана жица и нејзини преработки како универзално плетиво и бодликава, жарена и опружна жица.
Жичаните производи редовно се продаваат на територијата на поранешните југословенски републики, но и во Австрија, Унгарија, Романија, Бугарија, Грција, Италија и Албанија.