Пријавено исчезнување на 18-годишна девојка од Арачиново

Во петокот вечерта околу 21,05 часот во Полициска станица Гази Баба, било пријавено дека семејството не можело да воспостави контакт со тинејџерка од скопско Арачиново откако утрото излегла од домот.

Според извештајот на МВР, 46-годишниот Е.П. од селото Арачиново, скопско пријавил дека околу 10,30 часот од домот се оддалечила неговата ќерка 18-годишната З.П..

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.