Зеленски го посети ослободениот град Херсон: Благодарам НАТО!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети новоослободениот град Херсон само неколку дена по повлекувањето на руските трупи од градот во јужна Украина по неколкумесечна окупација, изјави сведок на Ројтерс.

„Одиме напред“, им рече тој на војниците. „Ние сме подготвени за мир, мир за целата наша земја.“

Тој им се заблагодари на НАТО и на другите сојузници за поддршката во војната против Русија. На мрежите се појави и видео на кое се гледа официјалното подигање на украинското знаме.

Да потсетиме дека украинските вооружени сили во петокот стигнаа до центарот на градот Херсон, откако руската армија објави дека се повлекла од стратешки важниот град на југот. Член на регионалниот совет на Херсон за британски „Ројтерс“ изјавил дека речиси целиот град е под контрола на украинските вооружени сили.