Градоначалничката Данела Арсовска досега во Советот на Град Скопје има поддршка од два советника, покрај Александар Трајановски од ГРОМ и од Ирена Попова.
„За моралните вредности на советниците немаме намера да дискутираме, тоа ќе треба да го објаснат на гласачите кои ги гласаа на листата Обнова на Македонија и кои со право очекуваат одговори“, се вели во краткото соопштение испратено до медиумите од ВМРО-ДПМНЕ.