Владата има намера да ги изманипулира студентите и да ги остави без субвенциониран оброк

-Не смее да се заборави намерата на власта да протне законско решение кое ќе ги оставеше младите без субвенциониран студентски оброк, изјави претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Тој посочи дека намерата на Владата е да ги изманипулира студентите и да ги остави без оброк.

„Во даденото предлог законско решение од страна на СДСМ се ставени 1001 критериум, додека стигнеме низ тие филтри на критериуми во државава ќе останеа една рака студенти кои можеа да ги земаат тие пари и тука лежи манипулацијата“, кажа Попов.

Тој потенцираше дека Владата врши рационализација на трошоците врз грбот на студентите.

„Владата на една од претходните нејзини седници гласаше т.н рационализација на трошоците, во која најголем дел беше врз грбот на младите“, изјави Попов.

Тој вели дека заклучоците донесени од страна на Клубот за млади во Парламентот не се официјални бидејќи тоа не е официјално тело.

„Клубот за млади не е официјално тело на Парламентот и заклучоците кои ќе се донесени исто така не се официјални. Ајде со комисијата за финансирање и буџет да направиме една јавна расправа каде ќе бидеме повикани сите. Сите младински организации, студентски организации, политички подмладоци итн и таму да стигнеме до решение“, посочи Попов.