ВИДЕО| Скалилата повторно му правеа проблеми на Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден се сопна од скалилата одејќи кон настанот во рамките на самитот на Г20 на Бали, при што беше задржан од индонезискиот домаќин Џоко Видодо.

На снимките кои ги емитуваа локалните индонезиски телевизии, се гледа како Бајден пристигнува со претседателскиот автомобил на настанот во мангровата градина, каде што традиционално со другите челници од Г20 засадија стебла.

Излегувајќи од автомобилот, Бајден кусо зборуваше со Видодо, а потоа додека двајцата се качуваа по басамаците се сопна од последното скалило. Индонезискиот претседател веднаш го задржа со што беше избегната непријатност за американскиот челник.

Бајден во досегашниот мандат, покрај повеќето гафови кои кај неговите критичари предизвикуваат прашање за неговите когнитивни способности за извршување на исклучително важната должност, досега имаше неколку слични инциденти со скалилата.

Во јуни годинава беше снимен како повторно се сопнува додека се качува по скалилата на неговиот авион, како што известија тогаш медиумите.

Претходно кон средината е Бајден се потсопна додека се качуваше по скалилата на претседателскиот авион „Air Force One“ во воздухопловната база Еднрјус пред да полета за сојузната држава Илиноис.

Најдраматичен пад беше претходната година кога се качуваше во авионот во Атланта и дури трипати по ред се сопна и падна. Тогаш Белата куќа ги обвини силните налети на ветерот како причина за сопнувањето на претседателот.