
На 24 мај, 2000 година за прв пат во самостојна Македонија регистрирано е здружение на граѓани именувано како „РАДКО“, чија цел е „самостојна, општествена, национално-културна и политичка организација на Бугарите и бугарофилите во Република Македонија“.
Седиштето на здружението е Охрид, а претседател е Владимир Панков (роден Владимир Паунковски) од Охрид. Називот на граѓанското здружение доаѓа од псевдонимот на Иван Ванчо Михајлов – Радко. Здружението ја користи Резолуцијата на Коминтерната од 1934 година за македонското прашање како поткрепа за својата теза дека МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА НЕ ПОСТОИ и дека таа е вештачка творба. „РАДКО“ е впишано од Основниот суд во Охрид во регистарот на здруженија на граѓани и фондации на 19 јуни 2000 година. Од самото основање започнува отворено да го негира постоењето на македонскиот национален идентитет
Но, на 21 март 2001 година Уставниот суд на Република Македонија ја поништи регистрација, програмата за работа и статутот на „РАДКО“, како противоуставна под образложение дека „се насочени кон насилно уривање на државниот поредок, попречување на слободното изразување на националната припадност на македонскиот народ, односно негирање на неговата самобитност и разгорување на национална или верска омраза или нетрпеливост“.
Иницијативата пред Уставниот суд ја покренуваат скопските адвокати Душко Апостолски, Јагнула Куновска и Лефко Таневски.
1. СЕ ПОНИШТУВААТ
а) Програмата за работа на Здружението на граѓани „РАДКО“ – со седиште во Охрид, донесена на Собранието на основачите, на седницата одржана на 24 мај 2000 година и
б) Статутот на Здружението на граѓани „РАДКО“ – со седиште во Охрид, донесен на Собранието на основачите, на седницата одржана на 24 мај 2000 година.Уставниот суд на Република Македонија, по повод иницијативата од: Душко Апостолски, м-р Јагнула Куновска, и Лефко Таневски, адвокати од Скопје, со решение У.бр. 168 /2000 и У.бр.169/2000 од 17 јануари 2001 година, поведе постапка за оценување на уставноста на актите озна чени под а) и б) во точката 1 на оваа одлука, затоа што основано се постави прашањето за нивната согласност со Уставот на Република Македонија.
По одлуката на македонскиот уставен суд на 4 октомври 2001 година членовите на Здружение на граѓани „РАДКО“ поднесуваат тужба против Република Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. На 15 јануари 2009 година „РАДКО“ го добива судскиот спор со одлука на судот дека со забраната за „РАДКО“ била прекршена Европската конвенција за човекови права и правото на здружување.
На 31 јули 2009 година Централниот регистар на Република Македонија уште еднаш го одбива барањето за регистрација со старото образложување на Уставниот суд дека здружението сака „насилно уривање на државниот поредок на Република Македонија и разгорување на национална или верска омраза или нетрпеливост”, а исто така користење на зборови од јазикот на друга држава – Бугарија, барање на континуитет на старото здружение, избришано од регистарот во 2002 година, несогласност со законот за Здруженијата на граѓаните и фондациите во однос на финансирањето и немање цел на здружението.
Инаку, на сајтот на „Википедија“, под описот за „РАДКО“ стои дека:
„Здружението се залага за целосно остварување на правата на Бугарите во Македонија: Бугарите од Република Македонија да претставуваат конститутивен елемент во Уставот на државата; еден од службените јазици на државата да биде и бугарскиот литературен јазик; афирмација на бугарската историја и култура; заштита од присвојување и фалшифицирање на бугарската историја и култура; возобновување на потребните културно-образовни и црковни институции во Република Македонија по моделот на бугарските културно-образовни и црковни институции коишто постоеа на територијата на Македонија во времето на Османлиското Царство; возобновување на духовното и културното единство на Бугарите од Македонија и Бугарите од Бугарија; заштита на Бугарите во Македонија од репресии, полициско набљудување и малтретирање, прогонување, дискриминација и културен геноцид. Во Република Македонија здружението се обвинува за пропаганда на теории од типот на добропознатите тврдења дека Македонија и Македонците се вештачка творба на Коминтерната и на Србокомунистите, а исто така за промовирање на теории за бугарскиот карактер на историјата на Македонците“.