Најмалку 15 луѓе загинале а уште 13 се повредени во експлозија на резервоар гориво од што се урнала зграда во северен Ирак, соопштија во петокот ирачки функционери кои ја отфрлаа можноста дека станува збор за терористички напад.
Бројот на жртвите во експлозијата којашто во четвртокот вечерта се случила во Сулејманија, вториот по големина град во автономната област Ирачки Курдистан, го потврдил а AFP, челникот за вонредни ситуација во градот Саман Надер.
Уште четири тела биле извлечени од урнатините на трокатницата којашто се урнала од детонацијата, по повеќе од 17 часа спасувачки напори. Претходно беше известено за 11 загинати луѓе.
Медиумите наведуваат дека безбедносните прописи во Ирак многу послабо се почитуваат, вклучително и во градежништвото и во транспортот и сообраќајот. Поради руинираната и разорена инфраструктура чести се несреќите во оваа блискоисточна земја.
Експлозијата во Сулејманија ја предизвикало истекувањето на течен нафтен гас кој се користи во големите градови за загревање. Меѓу жртвите, најмалку едно е дете, според гувернерот на Сулејманија, Хавал Абу Бакр, кој прогласи ден на жалост.