Ф1: Верстапен со победа ја потврди титулата, Леклер втор

Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул е втората последователна титула светски првак во класата Формула 1 ја прослави со својата 15-та победа во сезоната во последната трка од првенството возена во неделата за Големата награда на Абу Даби.

Верстапен славеше со 8.771 секунди предно во однос на второпласираниот Шарл Леклер од Монако кој вози за тимот на Ферари, додека трет низ целта мина Мексиканецот Серхио Перез од Ред Бул со 10.093 секунди зад победникот.

Дуелот на Леклер и Перез за второто место во Абу Даби воедно беше и двобој за титулата светски вицепрвак, а до неа на крајот стаса возачот од Монако кој собра вкупно 308 бодови, три повеќе од Мексиканецот. Верстапен е убедливо најдобар со 454 бодови.

РЕЗУЛТАТИ АБУ ДАБИ

1. Макс Верстапен (Холандија/ Ред Бул) 1:27:45.914
2. Шарл Леклер (Монако/ Ферари) +8,771
3. Серхио Перез (Мексико/ Ред Бул) +10.093
4. Карлос Саинц (Шпанија/ Ферари) +24.892
5. Џорџ Расел (Велика Британија/ Мерцедес) +35,888
6. Ландо Норис (Велика Британија/ Мекларен) +56,234
7. Естебан Окон (Франција/ Алпен) +57,240
8. Ленс Строл (Канада/ Астон Мартин) +1:16,931
9. Даниел Рикиардо (Австралијас /Мекларен) +1:23.268
10 Себастијан Фетел (Германиј/ Астон Мартин) +1:23,898

КОНЕЧЕН РЕДОСЛЕД ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ВОЗАЧИ

1. Макс Верстапен (Холандија/ Ред Бул) 454
2. Шарл Леклер (Монако/ Ферари) 308
3. Серхио Перез (Мексико/ Ред Бул) 305
4. Џорџ Расел (Велика Британија/ Мерцедес) 275
5. Карлос Саинц (Шпанија/ Ферари) 246
6. Луис Хамилтон (Велика Британија/ Мерцедес) 240
7. Ландо Норис (Велика Британија/ Мекларен) 122
8. Естебан Окон (Франција/ Алпен) 92
9. Фернандо Алонсо (Шпанија/ Алпен) 81
10. Валтери Ботас (Финска/ Алфа Ромео) 49

КОНЕЧЕН РЕДОСЛЕД ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН КОНСТРУКТОРИ

1. Ред Бул 759
2. Ферари 554
3. Мерцедес 515
4. Алпен 173
5. Мекларен 159
6. Алфа Ромео 55
7. Астон Мартин 55
8. Хаас 37
9. АлфаТаури 35
10. Вилијамс 8