Повеќе лица се убиени и рането во вторникот ноќта по локално време во пукање во супермаркет на синџирот „Walmart“ во американската сојузна држава Вирџинија, објавија локалните власти додавајќи дека меѓу убиените е и напаѓачот.
Полицијата по итна дојава набрзо пристигнала на местото на инцидентот и наишла на повеќе убиени и ранети, изјавил полицискиот службеник Лео Косински од местото Чесапик.
Во интервал меѓу 35 и 40 минута, полицајците пронашле повеќе мртви и ранети луѓе во супермаркетот и формирале спасувачки и тактички тимови за влегување во објектот и згрижување на жртвите, додал Косински.
Полицијата верува дека имало само еден напаѓач, кој е мртов. Се верува дека пукањето престанало веднаш по пристигнувањето на полицијата. Косински не можел да го прецизира бројот на мртвото, но за медиумите рекол дека „во моментов се помалку од десет“.
Косински рекол дека нема сознанија дека полицијата отворила оган, но не можел да каже дали напаѓачот се самоубил.
Мајк Кафка, портпарол на блиската болница „Sentara Healthcare“ во смс-порака за агенцијата Associated Press рекол дека пет пациенти од инцидентот во „Walmart“ се згрижени во општата болница во местото Норфлок, 11 километри од местото на настанот. Не ја прецизирал нивната здравствена состојба.
Локалните власти во Чесапик, кој е на околу 240 километри јужно од Вашингтон, на Twitter објавија дека „се случи инцидент“ во супермаркетот на Сем Сиркл и дека „има мртви“.
Во масовното пукање во 2019 година во супермаркет на „Walmart“ во градот Ел Пасо, во сојузната држава Тексас, беа убиени 23 луѓе. Според полицијата, напаѓачот во супермаркетот во кој во тој момент немало обезбедување, ги целел локалните жители од мексиканско потекло.
Пукањето во Вирџинија доаѓа три дена откако едно лице отвори оган во ноќен клуб за хомосексуалци во Колорадо, убивајќи пет лица и рани други 17 луѓе. Вторничниот вооружен инцидент се случија во годината кога САД сѐ уште се потресени од смртта на 21 лице во пукање во училиште во Увалде, во Тексас.