Во Шангај денеска избувнаа протести поради заклучувањето како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, нагласуваат очевидци во изјави за западни медиуми, додека во Кина расте гневот против драконската политика „нулта ковид” што владата ја спроведува речиси три години. Во видео на интернет, а кое според агенцијата Франс прес е снимено на улица во центарот на Шангај, стотици демонстранти извикуваат „Си Џинпинг оставка” и ја осудуваат Кинеската Комунистичка партија, пренесе Бета.
Друго видео покажува луѓе кои се собираат во центарот на Шангај за да им оддадат почит на десет лица загинати во пожар во Урумчи во западниот регион Синџијанг. Во бројни извештаи на социјалните мрежи во Кина, се укажува дека настаните биле влошени од мерките против Ковид бидејќи тие го забавиле пристигнувањето на помошта.
Shanghai protest tonight.
People are chanting “down with the Chinese Communist Party” and “step down Xi”.
This is happening in cities across the country.
Something big is brewing. pic.twitter.com/tRD2Bbo54Q
— Visegrád 24 (@visegrad24) November 26, 2022
Според други објави на социјалните мрежи, бдеење во спомен на загинатите во Урумчи биле организирани на неколку универзитети во државата. Полицијата привела од непознати причини најмалку две лица, додаде сведокот за Франс прес.
Властите ја ограничија онлајн дискусијата за демонстрациите.
Shanghai tonight. Protest at vigil for the dead in Urumqi. “Freedom. No more test. Throw off your masks” and The March of the Volunteers. Surrounded by police on all sides. 500-1000 people. pic.twitter.com/CXWrnYhrQc
— Philip Róin (@brandhane) November 26, 2022