Во вечерашното гостување во централниот дневник на Телевизија Сител во „Тема на денот“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој истакна дека градоначалничката Арсовска потребно е да најде решение со превозниците и да не прави политика од тоа.
– Скопјани и сите кои го користат Јавниот превоз во Град Скопје заслужуваат брз и ефикасен јавен превоз и нив не ги интересира што се случува помеѓу различни превозници и градот. Тоа е работа која треба да ја реши градот, рече Николоски.
Николоски потенцираше дека сите кои користат јавен превоз заслужуваат утре да имаат нормален јавен превоз, а не да има блокади на раскрсниците низ Скопје.
– Ова не е прашање за советот на Град Скопје , ова е прашање за градоначалникот на Град Скопје и таа треба да си најде решение за овој проблем. Затоа и е избрана за да решава проблеми, а не истите да ги пренесува на граѓаните и да ја оптоварува јавноста со таа работа, посочи Николоски.