Во Србија од 1 јануари поскапуваат струјата за 8 и гасот за 11 отсто

Агенцијата за енергетика на Србија одобри поскапување на струјата и на гасот од 1 јануари 2023 година, јави МИА од Белград.

Од почетокот на 2023 година цената на киловат час струја ќе биде повисока за домаќинствата за осум проценти, а гасот за 11 отсто.

Според пресметките на Агенцијата за енергетика, сметката за домаќинствата кои трошат во просек по 400 киловати месечно сметката ќе се зголеми за 300 динари (150 денари).

Оние што ќе се греат на ТА печки и ги вклучуваат навечер ќе имаат повисока сметка и до 1.000 динари (500 денари)

Граѓаните кои си греат етажно на котли на струја може да очекуваат сметки повисоки за 1.600 динари (800 денари).

Агенцијата за енергетика е должна еден месец однапред да ги информира граѓаните за поскапувањето на енергенсите. Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ претходно најави дека од 1 јануари струјата поскапува за помалку од 10 отсто, а гасот за 11 отсто.