Додека Ковачевски ја има улогата на стендап комичар, а ДУИ вносно ги ползува придобивките од криминалната тендер политика, училиштата во Општина Чаир се без греење на минусни температури. Европската политика за стандарди и иднина завршува на комичните настапи на Ковачевски, а реалниот живот тече во Чаир каде училиштата се без греење на минусни температури, а наставата на учениците е скратена, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека ДУИ се занимава со зелена агенда, Ковачевски со висока политика и комични настапи децата мрзнат во училишните клупи.
МОН молчи за овој скандал и го потурнува под тепих без да преземе одговорност за било што.
Има ли институции кои ќе го запрат хаосот во образованието и зошто жртва на пропаднатите и криминални политики на власта мора да бидат децата.
Ова е само доказ дека власта мора да се смени што побрзо, и што побрзо да има избори“ – велат од партијата.