Четири цивилни аеродроми во југоисточниот дел на Мексико ќе бидат ставено под контрола на министествата за воената поморска флота и за одбрана, објави во понеделникот претседателот Андрес Мануела Лопез Обрадор.
„Веќе донесовме одлука, во Кампече сѐ е подготвено … Ве известувам дека со аеродромот Сиудад дел Кармен ќе управува морнарицата, а со аеродромот во Кампече министерството за одбра“, изјави Лопез Обрадор на прес-конференцијата во текот на неговата посета на јужната сојузна држава Кампече.
Потсети на владините планови за обновување на воздухопловната компанија „Mexicana de Aviación“ во структурата на Министерството за одбрана, којашто, меѓу другото, ќе биде ангажирана и во комерцијалната експлоатација на претседателскиот авион „Boeing 787 Dreamliner“, кој Обрадор се обидуваше да го продаде откако дојде на должноста. Според претходо објавените планови, компанијата треба да ја преземе контролата над три аеродрома.
„Новата авиокомпанија… е планирано да ги преземе во владеење аеродромите Четумал, Лапенке и Капмече“, додаде Лопез Обрадор. Тој додаде дека овој авиопревозник ќе помогне да се донесе воздушно поврзување во сиромашните региони на кои историски им недостасува овој тип на услуга.
Авиокомпанијата „Mexicana de Aviació“, според претседателот, ќе биде основана до крајот на 2023 година и ќе биде управувана од државната инфраструктурна компанија „Olmeca-Maya-Mexica“ којашто управува со проектот „Возот на Маите“, новиот Меѓународен аеодром Фелипе Анхелес северно од Сиудад де Мехико, во Паленке и Четимал, како и со планираниот аеродром во Тулум.