Коалицијата на Египќаните бара оставка од Данела Арсовска

НГИ Коалиција на Египќани ја поддржи  Данела Арсоска за денеска да биде градоначалничка на Скопје, со надеж дека ке ги исполни програмските ветувања кои ги даде на скопјани, а мегу скопјани има и Египќани, кои гласаа за Данела Арсоска, во надеж дека ке им го подобри квалитетот на живот, се вели во соопштението испратено до медиумите од движењето.

Од се она што беше ветувано, не е реализирано ниту 1 %, Египканите во Скопје и Скопско се на маргините, иако во 21 век тоа не го заслужуваат. Практично , Данела Арсоска се сврти против секој оној кој ја подржал за време на локалните избори, па оттука се доведува и во прашање и нејзиниот легитимитет.Нека поднесе ОСТАВКА, па нека оди на избори но без подршката што ја доби. Незнаеме, зошто Данела Арсоска се плаши од избори, ако е убедена дека на истите ке победи? Денес, наместо ,,Модерно Скопје,, Скопјани се ,,жртви,, на неразумните политики на Данела Арсовска кои резултираат со свени кои не ги заслужуваат Скопјани, истакнуваат од НГИ.

Затоа, најразумно во овој моментум е Данела Арсовска да даде неотповиклива оставка, секако во интерес на скопјани, а не да тера инаети и да ,,плука,, кон сите оние кои се залагаа, се пожртвуваа и гласаа за да биде градоначалничка на Скопје, додаваат од НГИ