ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се последната надеж за интеграција и инклузија на Египќаните

Припадниците на етничката заедница Египќани во Македонија, се убедливо најмаргинализирана и најдискриминирана етничка заедница, и покрај нивната лојалност кон државата, нивната мирољубивост, конструктивност и придонес кон развојот на демократските процеси, објавува НГИ „Коалиција на Египќани“, во денешното соопштение до јавноста.

„Денес, со жалење можеме да констатираме дека нема ниту правична, ниту соодветна застапеност на Египќаните во институциите на системот, а имаме над 40 високообразовани Египќани кои дипломирале на државните универзитети. Многумина од нив, неможејки да се борат со ваквиот нефунционален систем, трајно ја напуштија државата и својата иднина ја гледаат во западноевропските држави. Тоа се случува на дневно ниво, градовите каде што живеат Египќаните се полупразни, а таа е состојба во која се поклопува сликата на целата држава. За припадниците на етничката заедница Египќани, како да не важи ниту Охридскиот Рамковен Договор, ниту Балансерот. Имавме ситуации, кога Египканите се декларираат како припадници на други етникуми за да се вработат, а уште повеќе, поразителна состојба е што ученици и студенти Египќани се декларираат како припадници на други етникуми, а се со цел да добијат стипендија. Тоа е една форма на т.н. „културна асимилација“. На ваквите состојби се пожаливме и до највлијателните Амбасади, како и во ОБСЕ И ОДИХР.

Со политичкиот субјект ВМРО ДПМНЕ имаме долгогодишна соработка, ни помогнаа во многу тешки моментуми за опстанок на ова етничка заедница, а во 2016 година потпишавме и Меморандум за Соработка со тогашниот Претсеадтел на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски. Со сегашниот лидер на ВМРО ДПМНЕ, проф.д-р Христијан Мицкоски, имаме одлична соработка и веруваме во исти вредности и цели за иднината на МАКЕДОНИЈА, и во таа насока, во месеците што следуваат треба да потпишеме Меморандум за Соработка.

Лидерот Христијан Мицкоски, има потполно разбирање за состојбата и проблемите со кое се соочува ова лојална етничка заедница, и тоа е основот зошто ги положувме надежите дека токму лидерот на ВМРО ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, како иден Премиер на македонската влада. Тој ќе биде Премиерот кој ќе ја подобри, инаку ужасно тешката и крајно недемократска состојба во која се наоѓаат припадниците на етничката заедница Египќани. Веруваме и сметаме дека и ние имаме право да придонесеме за развојните процеси во Македонија, а за тоа имаме и желба и капацитети“, се вели во информацијата до јавноста на потпишана од Демир Далип, лидер на НГИ „Коалиција на Египќани“.