Во неделата на социјалните мрежи и медиумите се прошири видео-снимка од физичко насилство при што ученик прво ја турка наставничка кон таблата во училницата, потоа ја фаќа за врат и под пазувите и ја стега околу вратот додека друг ученик снима а присутен е и уште еден ученик, па дури има пуштено и музика, а датира од пред три години и инцидентот се случил во велешкото средно училиште „Јовче Тесличков“.
Досега овој инцидент никаде и никогаш не бил пријавил, а од Министерството за внатрешни работи велат дека по објавата на видеото, СВР Велес сега работи на расчистување на случајот.
На разговор во полиција денеска повикан бил и сегашниот директор на училиштето, но тој за Канал 5 вели дека се иззема од одговорност, бидејќи тогаш бил само настваник… Во велешката станица повикани се и тогашната доректорка, како и малтретираната наставничка и учениците коишто се гледаат на снимката, а МВР повеќе информации најави по расчистување на случајот..
Зошто инцидентот бил премолчан останува нејасно.. Министерот за образование Јетон Шаќири исто така за Канал 5 изјавил дека за случајот разбал од телевизијата случајот.
Нема одговор на прашањето дали и како се планира државата да се справуава со ваквото дрско насилство, дговор нема, но има апел да се подигне свеста.
Надлежните треба да размислуваат за промени на законските рамки, за да може ваквите случаи да ги пријавува училиштето како институција, бидејќи сега процедурата е наставникот да поднесе приватна тужба, за што ретко се охрабруваат вработените особено во помалите места“, рекла Гордана Блажевска Спиридонова, психолог во скопската гимназија „Никола Карев“.
Инаку во поголем дел од скопските средни училишта има камери на влезовите, во холовите и ходниците, но поради заштита на лични податоци и приватноста на децата, снимање не е дозволено во училниците.