Славниот американски актер Роберт Де Ниро за малку ќе доживееше непријатен Божик, кога во неговиот стан на Манхетен провалила жена и се обидела од под накитената божикна елка да ги украде свечено пакуваните подароци, пренесуваат во вторникот медиумите.
Полицијата во два часот ноќта по њујоршко време забележала жена како влегува во подземните простори на зграда на Апер Ист Сајд и ја следела. Ја фатиле на дело, кога божикните подароци ги ставала во својата торба. Против неа е подигнато обвинение.
Полицијата не знаела дека станува збор за станот на двојниот добитник на најпрестижната филмска награда Оскар.
Жената, од претходно позната на полицијата по многу апсења поради провали, насилно влегла во апартманот на 79-годишниот актер, кој слушнал шумови и во домашна наметка се симнувал по скалите.
Портпаролот на Де Ниро изјавил дека актерот се чувствува добро и дека нема коментари за јавноста. Станот во кој живее е под наем, а инаку актерот е роден и растел на токму на Менхетен.