Синот на Марина Туцаковиќ, Милан Радуловиќ Лаќа (36) е пронајден мртов во Израел.
Според сознанијата, Лаќа починал во Израел, а неговото тело било пронајдено на улица. Како што изјави извор близок до семејството, се сомнева дека причина за смртта е предозирање со недозволени супстанции.
Милан Лаќа Радуловиќ, беше син на Марина Туцаковиќ и Александар Радуловиќ Фута, тој секако беше професионалниот слика и прилика на своите мајка и татко. Освен како успешен текстописец, Лаќа, како и неговиот татко, беше талентиран за продукција и аранжман на песни, а уште од мали нозе ѝ помагаше на мајка си при големите хитови како „Автограм“ на Цеца и „Ајде иди“ и „Сто пута“ на Здравко Чолиќ.