ФОТО| Застрашувачки призори од прославата на светската титула во Аргентина – мртви, повредени, дете во кома

Славеничката парада на фудбалската репрезентација на Аргентина, со која го прослави триумфот на светското првенство во Катар, се претвори во стравични сцени по националната екстаза во вторникот по улиците на главниот град Буенос Аирес.

Околу 5,5 милиони луѓе излегоа на улиците да го поздрават Лионел Меси и соиграчите и се чинеше дека буквално нема каде да падне игла. Навивачите скокаа и пееја, но во еден момент прославата „излезе од контрола“ и заврши трагично.

Имено, светските медиуми прво објавија дека еден 24-годишен навивач загинал кога го промашил автобусот со играчите при обид со скок од надвозник да се најден меѓу репрезенатативците, додека друг наводно се задушил кога знамето заврзано околу вратот му се заплеткало во тркалото на моторот и го удавило.

Исто така, илјадници навивачи беа полесно или тешко повредени, а најлоша е состојбата на петгодишно дете кое, за жал, заврши во кома. Како што пренесуваат светските медиуми, на главата му паднало парче бетон од споменик на кој имало качени навивачои. .

Познатите по темпераментот и испади аргентински навивачи предизвикувале безредија судирајќи се со полицијата. Тие дури и украле полициски автомобили и ги возеле низ градот.

Самите играчи во еден момент мораа да бидат евакуирани со хеликоптер, а нередите се интензивираа приближување на ноќта. Во еден момент навивачите и полицијата повторно беа во жесток судир, па дури се известува дека безбедносните сили морале да употребат и гумени куршуми. Се известува за голем број навивачи кои се уапсени.