Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ дојде до првата победа во АБА-2 лигата против Подгорица и така го скрши мразот во регионалното натпреварување.
Човек на натпреварот беше Александар Костоски, кој постигна вкупно 39 поени, девет асистенции, пет скока, со уште три украдени топки и тоа му донесе 40 индекс-поени за вкупно 39 минути на паркетот.
Со овој учинок Костоски е прогласен за играч на колото во АБА-2 лигата, во рамки на шестата рунда од регионалното натпреварување.