Реми на Тотенхем и рекорд на Кејн, победи на Брајтон, Њукасл и Фулам на Боксинг деј

Во првиот натпревар од 17-то коло на англискиот фудбалски шампионат Брентфорд и Тотенхем одиграа 2:2, а во подоцнежните натпреари во понеделникот фудбалерите на Брајтон, Њукасл и Фулам забележаа победи на традиционалниот Боксинг деј во Англија.

Англичаните како и обично ги играат натпреварите ден по Божик, а традицијата не е прекината и годинава, иако Светското првенство во Катар заврши пред нешто повеќе од една седмица.

Први на теренот на „Боксинг деј“ излегоа фудбалерите на Брентфорд и Тотенхем. Тоа беше интересен натпревар во кој домашните поведоа со 2:0, но Спарс успеаја да израмнат.

Почна лошо за гостите од Лондон. Во 15 минута Брентфорд поведе со голот на Виталиј Јанелт, а во 54 минута Иван Тонеј погоди за 2:0. Водството на домашните го намали Хари Кејн во 65 минута постигнувајќи го својот десетти гол на „Боксинг деј“ и со тоа стана нов рекордер. Досега Кејн и Роби Фаулер го делеа првото место со по девет постигнати гола, Роби Кин и Алан Ширер постигнаа по осум гола, а Тиери Анри седум гола.

Само шест минути по Кејн, Пјер-Емил Хојбјерг постигна гол за Тотенхем и израмни на 2-2. Во 84. минута Кејн можеше да постигне гол за водство на Спарс, но ја погоди стативата.

Први на теренот на „Боксинг деј“ излегоа фудбалерите на Брентфорд и Тотенхем. Беше интересен натпревар во кој домашните поведоа со 2-0, но Спарс успеаја да израмнат. Почна лошо за гостите од Лондон. Во 15. минута Брентфорд поведе со голот на Виталиј Џенелт, а во 54. минута Иван Тони погоди за 2-0. Тој го намали Хари Кејн во 65. минута постигнувајќи го својот десетти гол „Боксинг деј“ и со тоа стана нов рекордер.

Досега Кејн и Роби Фаулер го делеа првото место со по девет постигнати гола на „Стефање“. Роби Кин и Алан Ширер постигнаа по осум гола, а Тиери Анри седум гола.

Само шест минути по Кејн, Пјер-Емил Хојбјерг постигна гол за Тотенхем и израмни на 2-2. Во 84. минута Кејн можеше да постигне гол за водство на Спарс, но ја погоди стативата.

Фудбалерите на Фулам денеска на гостински терен го добија лондонското дерби против Кристал Палас со 3:0. Фулам, така, ја прекина серијата од два пораза и ја забележа шестата победа во првенството. Фулам поведе со голот на Боби Рид во 31 минута по центаршутот на српскиот репрезентативец Александар Митровиќ. Митровиќ беше асистент и за вториот гол на натпреварот, кога Реам ја погоди мрежата во 71 минута, а во 80 минута Митровиќ со глава ја упати топката во мрежата по центаршутот на Вилијан и го постави конечниот резултат. Од 34 минута Кристал Палас играше со десет играчи откако Тајрик Мичел доби црвен картон за остар старт врз Тете, а во 57 минута тимот остана со деветмина на теренот, бидејќи Џејмс Томкинс го доби вториот жолт картон.

Фулам е осми на табелата со 22 бода, а Кристал Палас е 11-ти со 19.

Брајтон победи со 3:1 на гостувањето кај Саутемптон и продолжи со позитивните настапи сезонава со што овој тим од југот на Англија дојде на шестата позиција. Брајтон поведе во 14 минута со голот на Адам Лалана, а предноста ја удвои фудбалерот на Саутемптон, Ромен Перо. кој си постигна автогол во 35 минута. Третиот гол го постигна Соли Марч во 56 минута, а Џејмс Вард-Проуз погоди за Саутемптон во 73 минута кога натршка на една одбиена топка, откако голманот Санчез претходно го одбрани пеналот.

Брајтон е шести на табелата со 24 бодови, а Саутемптон по 10-от првенствен пораз е последен со 12 бода.

Напаѓачот на Њукасл Јунајтед, Џоелинтон избори пенал и погоди со глава во првото полувреме во победата од 3:0
над Лестер Сити, со што неговиот тим се искачи на второто место на табелата во Премиер лигата во понеделникот.

Дефанзивецот на Лестер, Даниел Амартеј, ужасно го започна натпреварот за домаќините, му подари на Њукасл пенал кога го собори Џоелинтон по само 86 секунди игра, а новозеландскиот напаѓач Крис Вуд беше сигурен во реализацијаа на најстрогата казан. Вториот погодок го постигна Мигел Алмирон, а на 3:0 зголеми Џоелинтон во 32 минута.

Њукасл се искачи над Манчестер Сити, кој игра со Лидс Јунајтед во среда, на второто место со 33 бодови, четири помалку од водечкиот Арсенал, кој игра со Вест Хем Јунајтед подоцна во понеделник. Лестер е 13-ти со 17 бодови.

Фудбалерите на Вулверхемптон на гостински терен го победија Евертон со 2:1. Домашните поведоа со голот на Јери Мина во седмата минута, а израмни Даниел Поденса во 22 минута. Рајан Аит Нури ја обезбеди третата победа на Вулверхемптон во Премиер лигата во петтата минута од судиското надополнување.

Вулверхемптон е прв во зоната за испаѓање, 18-ти на табелата со 13 бодови, а Евертон е на 17-то место со бод повеќе.