Во изминатите три дена, односно пред Божик, за Божик и ден потоа во центарот на Солун биле собрани околу 1.700 тони ѓубре, што според локалните власти е рекорден број, јави МИА од Атина.
Заменик-градоначалникот за хигиена и рециклирање на општина Солун, Костас Јакову, за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека собраниот отпад е само од обичните и кантите за рециклирање, без да бидат вклучени и стаклените шишиња и само во строгиот центар на градот.
-Имавме зголемување на сметот за околу 15-20 отсто во споредба со другите години и во однос на другите празнични денови, вели Јакову, нагласувајќи дека најголемиот обем на отпад бил во централните населби, особено онаму каде што има многу ресторани, кафулиња и барови.
Тој додава дека службата очекува слична слика во Солун и за Нова година.