Случај „ТНТ“: Судскиот совет ќе ги проверува кумовските врски на судијата Ставрев и вештакот Грчев

Предметот „ТНТ“ каде судијата Огнен Ставрев и вештакот Мирослав Грчев имаат кумoвски врски, ќе го проверува Судскиот совет. Во новата година ова е една од постапките, каде членовите на Советот ќе утврдуваат наклонетост на судијата кон вештачењето, а со кое се докажуваше дека објектот „Космос“ не е дивоградба и истовремено, поби 36 судски пресуди. Проверките ќе се прават преку посета на судот и увид во целиот предмет.

„Судски совет донесе заклучок на седница, дека од 1 јануари 2023 година ќе изврши посети на сите судови и проверки на предмети“, велат од Судскиот совет за „А1он“.

Кумовските врски на Ставрев и Грчев станале официјални еден месец откако судијата ја изрече првостепената пресуда за ТНТ. Ставрев го прифати вештачењето како релевантно и го ценеше во пресудата иако имаше низа забелешки од обвинетите, меѓу кои и дека Грчев е пристрасен бидејќи претходно работел вештачења за оштетените Цаноски.