Бајден му честиташе на „пријателот“ Нетанјаху на новата влада

Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот на Бенјамин Нетанјаху му го честиташе враќањето на чело на израелската влада, нарекувајќи го „неколку децениски пријател“.

Во соопштението што го објави Белата куќа, претседателот Бајден изјави дека со најдогловечниот израелски премиер кој на власт беше меѓу 1996 и 1999-та, па меѓу 2009 и 2021 година, сака да соработува за „заедно да се справуваме со многуте предизвици и прилики кои ги очекуваат Израел и Белата куќа вклучително и заканите на Иран“.

Новата влада на Нетанјаху, во која влегуваат и екстремните десничари и верски партии, ја положи свечената обврска претходно во четвртокот во израелскиот парламент Кнесетот.

Бајден во соопштените го повторува ставот на САД во однос на прашањето за конфронтациите меѓу Израел и Палестинците.

„САД ќе продолжат да го поддржуваат решението со две држави и се противи на политиките кои се закануваат на одржливоста или се во спротивност со нашите заеднички интереси и вредности“, напиша американскиот претседател.

Новата влада на Нетанјаху ја сочинуваат и ја има поддршката од партии и групации кои се против палестинската државност, како и против промоцијата на ЛГБТ лицата и нивните права.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на почетокот од декември предупреди дека САД ќе се спротистават на новите еврејски доселенички населби на Западниот брег.

Палестинската енклава Западниот брег (на реката Јордан), каде што е седиштето на Палестинската самоуправа, меѓународната заедница ја смета за окупирана палестинска територија од Израел во ткн Шестдневна војна во 1967 година.