Северна Кореја го сменија Пак Џонг Чон, вториот најмоќен воен функционер по претседателот на државата и врховниот командант Ким Џонг Ун, објавија во понеделникот државните медиуми.
На местото на Пак, потпретседателот на Централната воена комисија на владејачката Работничка партија на Кореја и секретар на партискиот централен комитет, е именуван Ри Јонг Гил.
Пак брзо напредуваше во воената стратегија од артилериски командант со една ѕвездичка во 2015 година, до генерал со четири ѕвездички во 2020 година. Му се припишува заслугата за развој на технологијата на проектилите со среден дострел. Причината за неговата смена не е наведена, но познато е дека Пјонгјанг редовно на крајот од годината воведува промени во своето водство и објавува смени на функционерите и поважните политички одлуки.
Одлуката е донесена на минатонеделниот заседавање на комитетот во рамките на шестиот пленум на Работничката партија, пренесе службената севернокорејска новинска агенција KCNA. Централната воена комисија, којашто ја води неприкосновениот водач Ким, се смета за најмоќното тело за одлучување за вооружените сили и е надредена над министерството за одбрана.
Смената на Пак доаѓа во моментот која Ким во рамките на најавената одбранбена стратегија, бара развој на нови интерконтинентални балистички проектили и зголемување на нуклеарниот арсенал за спротиставување на заканите од САД и Јужна Кореја.