Реал се измачи против четвртолигаш

Фудбалерите на мадридски Реал успеаја, со голема мака, да се пласираат во осминафиналето од шпанскиот Куп на кралот откако со 1:0 го совладаа домашниот четвртолигаш Касарењо.

Реал го одигра натпреварот во доста силен состав, а од првата постава недостигаа Модриќ, Бензема, Крос, Куртоа и Винисиус Жуниор. Но домашните му одолеваа на актуелниот победник во Лигата на шампионите сѐ до 69 минута, кога единствениот и решавачки погодок го постигна Бразилецот Родруго

Во оваа фаза од шпанскиот национален куп испаднаа два прволигаша. Елче, последниот тим на табелата во Примера, загуби кај третолигашот Сеута со 0:1, а единствениот погодок го постигна Родри од пенал во 44 минута.

Од Купот на кралот се прости и Рајо Ваљекано, откако во Хихон беше совладан од второлигашот Спортинг со 2:0, со двата погодока на Миловановиќ.

Единствениот прволигашки дуел во шеснаесетфиналето беше средбата на Еспањол и Селта, а домашните славеа со 3:1 по продолженијата. Стрелците за каталонскиот тим во дополнителните 30 минути беа Дардер во 97 и Меламед во 118 минута.

Куп на кралот, шеснаесетфинале:

Сеута – Елче 1:0 (Родри 44-11м)
Касерењо – Реал Мадрид 0:1 (Родриго 69)
Леванте – Хетафе 3:2 (Постиго 52, Муњоз 62, Мораеш 90+1 / Ел Хадади 34, 56)
Спортинг Хихон – Рајо Ваљекано 2:0 (Миловановиќ 57, 88)
Еспањол – Селта 3:1, 1:1 (Пуадо 53, Дардер 97, Меламед 118 / Пасиенсија 15)
Картахена – Виљареал 1:5 (Васкез 39 / Баена 49, Данџума 56, Моралес 60, Чуквуезе 85, Капуе 90)
Ла Нусија – Валенсија 0:3 (Клајверт 3, Мориба 31, Уго Дуро 72)