ЈАР, Русија и Кина во февруари ќе одржат заеднички поморски маневри

Јужноафриканската Република, Русија и Кина во февруари ќе одржат заеднички воено-поморски маневри во близина на јужните брегови на Африка, објави во вторникот јужноафриканскиот информативен портал DefenceWeb повикувајќи се на Националните сили на одбраната на ЈАР.

Маневрите ќе се одржуваат од 17-ти до 26-ти февруари во крајбрежните области на јужноафриканската провинција КваЗулу-Натал, се наведува во информацијата. Станува збор за вторите маневри со учество на воени бродови од трите земји од групаѕа БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и ЈАР)  под кодното име „Mosi“ (Чад). Првите вакви вежби на поморските сили на ЈАР, Русија и Кина се одржаа во ноември 2019 година наспроти ‘ртот Добра надеж во Атлантскиот Океан, во близина на градот Кејтаун.

Оваа година, областа во којашто ќе се одржуваат маневрите е од акваториумот на градот Дурбан до заливот Ричардс Беј, кои се оддалечени 87 наутички милји, односно 160 километри.

Министерството за одбрана на Јужноафриканската Република извести дека според првичните планови Русија ќе учествува со два воени брода. Во рамките на маневрите приорите ќе биде даден на увежбувањето на артилериски оган и дејствија за противвоздушната одбрана, се додава во извештајот.

Имињата и типовите на бродовите не се обелоденети, а јужноафриканските сили укажале дека „бројот на бродовите може да се промени за кратко време“. Информациите за вежбата биле потврдени во пресрет на последната виртуелна конференција за планирање минатиот месец (декември) на која учестувале претствници на воените морнарици на сите три земји.