Куп на Франција: Минаa Лион, Марсеј и Лaнс

Фудбалерите на Лион, Марсеј и Лaнс успешно се пласираа во осминафиналето на Купот на Франција.

Лион на домашен терен го победи второлигашот Мец со 2:1. Баркола во 60 минута му донесе водство на Лион, а три минути подоцна израмни Гамбиецот Жалоу, а поразот на тимот од „Жерлан“ резултираше со автогол на Гвинеецот Канде во 77 минута.

Марсеј го совлада четвртолигашот Иерс на гости со 2:0, а избраниците на Игор Тудор постигнаа два гола со играч помалку откако Баили од Брегот на слоновата коска беше исклучен во 15 минута. Чилеанецот Алексис Санчез погоди во 45 минута, а Сенегалецот Диенг во 70 минута.

Ланс победи со 2:0 против нисколигашот Линас со головите на Фофана во 72 и Сотока во 77 минута.