Германската амбасадорка Анке Холштајн деновиве си заминува од Македонија. Холштајн смета дека уставните измени не се болни за Македонија и дека не постои друга алтернатива за државата.
„Не постои алтернатива за оваа уставна промена. Сметам дека содржински таа на ниеден начин не е болна за Северна Македонија. Посакуваната уставна промена одредува нешта кои за никого не се болни. Но, дека процесот како таков е многу болен за земјата, тоа го разбирам целосно.“
Конзистенто, во духот на изјавата на Анке Холштајн, пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, ѝ порача на амбасадорката, Германија да ги внесе Турците во уставот, затоа што во нивната земја живеат милиони Турци.
Па и ставањето на милионите Турци во Германија, во германскиот УСТАВ, не би требало да биде “болно” за Германците – нели амбасадорке? – напиша Апасиев споделувајќи ја нејзината изјава.