Фудбалерите на Торино се пласираа во четвртфиналето на Купот на Италија откако по продолженијата на „Сан Сиро“ го совладаа домашниот Милан со 1:0.
Решавачкиот гол го постигна Мишел Адопо во 114 минута кога гостите имаа играч помалку. Имено, во 70 минута Кофи Џиџи беше исклучен поради втор жолт картон.
Со тоа избраниците на хрватскиот требер Иван Јуриќ во четвртфиналето му се придружија на Интер, кој во вторникот по продолженијата ја победи Парма со 2:1.
Торино во четвртфиналето ќе игра со победникот од пресметката меѓу Фиорентина и Сампдорија којашто на распоредот е во четвток.