
„Ние сме кажале дека граѓаните во Македонија не се безбедни од многу причини, не само поради ова филмско бегство на затвореник. И тоа доаѓа истиот ден кога Ковачевски и Владата на ДУИ поддржана од СДСМ не убедува ќе ја однесла Македонија во ЕУ“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Вевчани, коментирајќи го филмското бегство на затвореник и тоа колку граѓаните на Македонија се безбедни.
Мицкоски додаде дека власта не може да пренесе затвореник до одредена точка, а не пак Македонија да ја внесат во ЕУ, потребни се предвремени парламентарни избори.
„Тие не можат еден затвореник да го пренесат од точка А до точка Б во Скопје, а не пак Македонија да ја носат во ЕУ. Така што еден општ хаос на Дивиот Запад ни се случуваат работи“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
„И колку побргу имаме предвремени избори и колку побргу дојдат други луѓе толку побргу ќе завршат овие срамови кои што ни се случуваат“, укажа Мицкоски.