Литванија синоќа прими група од 14 украински војници волонтери за да им пружи неопходна лекарска помош, бидејќи се ранети во судирите на истокот на Украина.Во групата ранети има 13 мажи и една жена, кои се бореле против сепаратистите.
„Ситуацијата во Украина е тешка, бидејќи таму болниците се пренатрупани, а секој ден стигнуваат голем број на ранети,“ изјави потполковникот Гинтарас Беркевисијус.
Во судирите во Украина до сега загинале 2700 војници, а Литванија во јули прими една група на ранети