![ja](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/ja.jpg?resize=608%2C350&ssl=1)
Во рамки на новата кампања за безбедност на сообраќајот „Почитувај ги правилата, почитувај го животот”, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денес ќе дели флаери на локација на улица „Партизански одреди“ во Скопје.
Како што соопшти МВР, Јанкулоска, воедно ќе ја промовира и новата превентивна мерка во сообраќајот, односно поставувањето макети со изглед на полициски службеник.