![putin vladimir](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/putin-vladimir.jpg?resize=696%2C455&ssl=1)
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека специјалната воена операција за демилитаризација и денацизација на Украина покажува, како што официјална Москва ја нарекува воената инвазија во соседната земја во областите населени со доминантно руско и рускојазично население, како и дека се надева дека руските војници ќе постигнат нови успеси по заземањето на стратешки важниот Соледар.
„Динамиката е позитивна. Сѐ се одвива во рамките на планот на Министерството за одбрана и на Генералштабот. И се надевам дека нашите борци уште повеќе ќе не израдуваат со резултатите од нивните борби“, изјави Путин за првиот канал на државната телевизија.
Русија во петокот, два дена откако проруските власти во отцепениот југоисточен украински регион Доњецк објавија заземање на Соелдар, го објави официјално заземањето на градот кој името го добил по важните рудници за сол и големите подземни коридори кои водат до 10 километри оддалечениот Бахмут, е од стратешко значење за украинската војска бидејќи се наоѓа во центарот на одбранбената линија Бахмут-Северск. Таму се наоѓаат силни одбранбени утврдувања со дебелина од неколку метри и армирани со челични конструкции од вагони… Заземањето на Соледар ја прекинува директната линија за снабдување на украинските сили и го отвора патот кон стратешкиот јазол кон Краматорск.
„Ситуацијата во економијата е стабилна. Многу подобро не само од она што го нашите непријатели го предвидоа, туку и од она што ние го прогнозиравме. Невработеноста е на историски најниското ниво. Инлфацијата е пониско од очекуваната и има, што е важно, надолен тренд“, додаде Путин во врска со ефектот врз руската економија под санкциите на Западот.
Западот почнувајќи од 2014 година кога со негова поддршка во Киев беше изведен преврат со кој на власт дојдоа антируските сили воведе низа санкции против Русија а по почетокот на нејзината воена интервенција во Украина за која вели дека има цел да го заштити тамошното руско население, од крајот на февруари 2022 година воведе санкции без преседан во историјата со која се опфатени сите сегменти, па дури и спортот и културата.
Сепак, и под товарот на санкциите, руската економија минатата година паднала но многу помалку отколку што предвидуваа економистите. Руската влада предвидува дека економијата проценета на 2,14 билиони американски долари ќе падне за 0,8 отсто во 2023 година.