
Крис Форд, стрлец на првиот погодок за три поена во историјата на кошарката, почина на 74-годишна возраст, објавија во средата неговиот поранешен НБА тим Бостон Селтикс и неговото семејство.
Форд ја погоди првата „тројка“ во дресот на Селтикс на 12-ти октомври 1979 година, на првиот ден од сезоната во која најсилната кошаркарска лига во светот го воведе правилото дека ударите од далечина вредат еден поен повеќе.
Со Селтикс, Форд ја освои шампионската титула како играч во 1981 година и како помошник тренер во 1984 и 1986 година, а од 1990 до 1995 година беше прв тренер на тимот од Бостон.
Покрај за Селтикс, Форд играше и за Детроит Пистонс (1972-78) во НБА, додека како главен тренер ги водеше и Милвоки Бакс (1996-98), Лос Анџелес Клиперс (1998-2000) и Филаделфија 76ers (2003-04).